Во дел од медиумите се наведува дека нападот го извеле припадници на „Такфирија“, термин кој во Иран се користи за т.н. Исламска држава.

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 14:12

Најмалку 24 загинати при напад врз учесници на воена парада во Иран

Фото/Текст извор: ©миа

Најмалку 24 лица загинаа, а 53 се повредени во нападот изведен за време на воена парада во иранскиот град Ахваз.

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф порача дека брзо и одлучно ќе биде одговорено на нападот.

Регрутирани терористи, обучени, вооружени платеници на странски режим го нападнаа Ахваз. Иран ќе одговори брзо и одлучно, бранејќи ги животите на Иранците, напиша Зариф на Твитер.

Претходно беше соопштено дека вооружени напаѓачи убиле најмалку осуммина припадници на елитната Револуционерна гарда и раниле уште 20 лица за време на парада во југозападен Иран.

Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се межу жртвите на нападот, објави државната агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.

Во дел од медиумите се наведува дека нападот го извеле припадници на „Такфирија“, термин кој во Иран се користи за т.н. Исламска држава.

Напаѓачите, за кои локалните медиуми наведоа дека биле двајца, се неоѓале зад бината и почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот. Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се ранети.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести