По објавата дека Заев по секоја цена ќе го стави на дневен ред за гласање во Собранието на Македонија Договорот од Преспа, се огласи и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 14:50

Мицкоски: Нема да е сеедно кој на чија страна бил, јас одбрав, со народот, со Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По Одлуката на Заев  денес на седница на Влада за се започне со предлог измените на Уставот на Македонија, на социјалните мрежи со пост се огласи и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме содржината од обраќањето на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ:

Отворено до премиерот на Владата Зоран Заев

СДСМ одби, Премиерот молчи. Паднаа маските и се покажа вистинското лице на власта. За жал СДСМ имаше прилика да докаже дека борбата против криминалот има некакво значење за оваа власт. Наместо тоа Заев покажа три работи:

Прво, преку неприфаќањето на предлогот и неговото молчење за формирање на независно обвинителство кое ќе се бори против криминалот одбра да се стави во улога на заштитник и промотер на криминалот, неправдата и безаконието во оваа држава. Дополнително со тоа покажа дека борбата против криминалот е само фарса за оваа власт и дека токму таа кумува со сите криминални процеси во државата.

Второ, со самото тоа што не се откажува од штетниот договор Заев не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот се отфрли. Договорот преку кој Заев сака да ја прекрсти на сила државата и народот, е последната сламка за спас на неговата кариера и неуспешен обид да избега од одговорност за сите афери и скандали. Нема друга држава во Светот каде премиерот отворено си кажува дека нема да ја почитува волјата на мнозинството граѓани и јавно кажува дека поисплатливи му се јаловите обиди за условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине.

И трето, со отфрлањето на предлогот кој го дадов, Заев и власта покажаа дека се плашат од слободни, фер и демократски избори, затоа што знае дека на тие избори народот ќе си дојде по своето и ќе бидат жестоко поразени, како што беа и на референдумот што помина.

Затоа би порачал уште еднаш да размисли власта и премиерот, затоа што не е сеедно кој на чија страна бил. Јас веќе одбрав, со народот, на страна на правдата и нашата Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести