Македонија се најде на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум.
Земјава го зазема 84-то место. Полошо од Македонија, на континентот, се рангирани само Молдавија и Босна и Херцеговина.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека освен ниското ниво на инфлација, земјава е лошо оценета во речиси сите области. Македонија доби ниски оценки и во делот на функционирањето на институциите и правосудството .
Лошите оценки во извештајот се однесуваат на справувањето со организираниот криминал, слабата заштита на интелектуалните и имотните права, како и неефикасноста на законите.
Се нотира и лошата инфраструктура, слабо сме рангирани според поврзаноста и квалитетот на патиштата, услугите на железницата, како и транспортот од и до аеродромите.
Во делот на образованието и бизнисот, анкетираните во Македонија се пожалиле дека тешко се наоѓаат квалификувани работници, дека ретко кој врши обука на кадарот и дека е мала соработката на газдите со синдикатите.
На врвот на Извештајот за глобална конкурентност се најдоа САД, Сингапур и Германија.
Инаку, лани Македонија не беше рангирана на оваа листа поради недоволно податоци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.