Вчера започна работниот дел на Конгресот на Европската Народна Партија, каде што 758 делегати треба, меѓу другото, да го изберат Кандидатот на ЕНП (ЕПП) за Претседател на Европската Комисија.
Две носечки теми на приот работен дел од Конгресот биле „Просперитет за сите – повеќе раст и работни места” и „Предизвиците на Европа со миграција”.
Делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од Претседателот Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев и советникот за надворешна политика Тимчо Муцунски, учествува во работниот дел на Конгресот.
Мицкоски оствари и средба со еврокомесарот за надворешно проширување, Јоханес Хан, кој истакнал:
Корисен разговор со лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на Преспанскиот договор мора да биде финализирана брзо, без пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја опструира процедурата во парламентот. На европските интеграции им е потребна лојална опозиција.
На што добил и возвратна порака од Мицкоски.
Во суштина прашањето беше дали ќе бидеме насилни, на што одговорот беше дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки кои ги има на располагање во законодавниот дом и ќе продолжи да биде против Преспанскиот договор и уставните измени кои се во тек.
Ден пред почетокот на Конгресот, кога се оддржа Политичкото Собрание на ЕНП, Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕНП за Претседател на Европска комисија.
Во текот на Конгресот Мицкоски ќе се сретне со голем број претставници на сестрински партии на ВМРО – ДПМНЕ.
Мицкоски синоќа присуствуваше и на Самитот на Европската народна партија, каде што учество земаат Претседателите, Премиерите и претседатели на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија.
Мицкоски оствари средба со Хорст Зехофер, вице-кацелар на Германија, министер за внатрешни работи и лидер на владеачката ЦСУ.
Тој зборуваше со Зехофер за политичкиот прогон врз ВМРО – ДПМНЕ и состојбата на јужната граница на Република Македонија во врска со мигрантската криза, соопшти партијата.
Мицкоски имаше средба и разговор со Антонио Тајани, претседател на Европски Парламент, на кого му пренесе дека приоритет за ВМРО – ДПМНЕ и понатаму ќе биде ЕУ интеграцијата на Република Македонија.
Средба беше остварена и со премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, со кого беше разговарано за состојбата во поширокиот регион и потребата од негова интегарација во ЕУ.
Мицкоски се сретна и со Хавиер Хуртадо Мира. Претседател на Демократска заедница на млади на Европа – DEMYC. Најголема организација на центар-десничарски политички подмладоци.
Свое присуство на Самитот веќе најавиле Ангела Меркел, Доналд Туск, Жан Клод Јункер, Себастијан Курц, Виктор Орбан, Андреј Пленковиќ, Јанез Јанша и Бојко Борисов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.