Војводина-Металург 31-30 што е седми пораз за скопската екипа во тековната Сеха сезона.
Македонскиот вицепрвак имаше можност за реми и за победа ,но шансата исчезна на крајот.Металурзите имаа поволен резултат во поголемиот дел од гостувањето.
Водство од 5. минута ,разлика на полувреме од 15-17 и предност до 44 минута кога домашните поведоа со 24-23.Во продолжение, Војводина ја имаше потребната концентрација и победи со еден гол разлика.
Шпенде со 7 голови беше прво име во статистиката кај Металург,Токиќ постигна 6. Според календарот металург на 5 декември го пречекува Вардар.
Покрај во ВИП Супер лигата, клубот настапува и во СЕХА лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. Сопственик на РК „Металург“ е Минчо Јорданов, а тренер е Данило Брестовац. Клубот е создаден во 1971 година, под покровителство на Скопската железарница. Првичната идеја била да се создаде ракометен клуб од самите вработени во фабриката.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.