На изборите одржани во неделата, неговата партија ДПС загуби контрола врз паралментот за првпат по 1991 година, и покрај тоа што Ѓукановиќ останува претседател (има мандат до 2023 година).

Објавил: Владо Марин | 5 септември, 2020 7:58

Поразот на контроверзниот лидер што доминираше на политичката сцена во Црна Гора во изминатите 30 години

Фото/Текст извор: ©nova makedonija

„Кралот на Црна Гора“ е насловот на написот на британски „Економист“ посветен на Мило Ѓукановиќ пред нешто повеќе од една година, односно на контроверзниот лидер што доминираше на политичката сцена во Црна Гора во изминатите 30 години, пишува „Еурактив“.

Но дури и кралот Мило, кој беше способен да плива низ немирните води на балканската политика, подобро и подолго отколку кој било друг, се соочи со пораз.

На изборите одржани во неделата, неговата партија ДПС загуби контрола врз паралментот за првпат по 1991 година, и покрај тоа што Ѓукановиќ останува претседател (има мандат до 2023 година).

Кога гласовите беа преброени излезе на виделина нова политичка реалност во Црна Гора. Кралот Мило беше соборен од престолот од страна на разнолик тим, соединет од „желбата да стави крај на неговиот режим“.

Според аналитичарите за поразот на Ѓукановиќ придонесе законот за национализација на верскиот имот кој ја разлути Српската православна црква и предизвика протести и немири.

На изборите одржани во неделата, неговата партија ДПС загуби контрола врз паралментот за првпат по 1991 година, и покрај тоа што Ѓукановиќ останува претседател (има мандат до 2023 година)

Но причините за поразот имаат корени во контрадикторностите во текот на владеењето на Ѓукановиќ, кое се чинеше бесконечно.

Од млад сојузник на Слободан Милошевиќ за време на конфликтите што го одбележаа распадот на СФР Југославија, со политичкиот инстинкт што го поседува, Ѓукановиќ се трансформираше во умерен, проевропски и проатлантски лидер, но со контрола на моќта преку пристап исполнет со непотизам, раширена корупција, сериозни ограничувања на слободата на медиумите и поробување на институциите за личните и партиски интереси.

Моќта на Ѓукановиќ имаше повеќе сезони. Од југословенските војни до евроатлантската фаза во која од западните лидери доби потполна амнестија за минатите гревови (долго време се соочуваше со обвинувања од Италија поради наводен шверц на цигари), осигурувајќи ја стабилноста на државата насочена кон Западот.

Дента по изборите, лидерите на опозициските партии се сретнаа да ги постават темелите на политичката платформа за Црна Гора. Првите чекори на новата коалиција се испраќањето на смирувачки пораки по повеќемесечните тензии.

Прво подадената рака кон гласачите на ДПС дома, а потоа и кон меѓународната заедница со најавеното продолжување на патот кон ЕУ и почитување на меѓународните договори.

Во меѓувреме младата демократија на Црна Гора искуси нешто ново – промена на власта преку волјата на народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...