Угледниот професор Горан Калоѓера, почесен конзул на Македонија во Ријека, побара од македонската влада да прекине со "спрдњите" кон своите државјани и својата земја

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 8:12

Македонските дипломати “спијат” и по амбасадите, не само во МНР

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По објавата на шокатните фотографии како членови на кабинетот на шефот на македонската дипломатија, боси спијат на работно место, се огласија и почесни конзули кои прашуваат има ли некој кој работи во македонската дипломатија?

Имено почесниот конзул на РМ во Ријека, професор Калоѓера прашува има ли некој нешто да сработи во Македонската амбасада во Загреб или уште ќе трае оваа “спрдачина”.  

Поставувам прашање до министерот за надворешни работи на Република Македонија кој е одговорно лице во амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, господин Џафери или госпоѓа Колоска?

Калоѓера е почесен член на Македонското култуно друштво “Илинден”, почесен претседател на клубот “Корчула” во Ријека, член на колегиумот уредници на бројни научни списанија и надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Би сакал на тоа прашање, кое го праќам како почесен конзул на Република Македонија во Репубика Хрватска да добијам одговор.

Кога ќе добијам одговор, ќе можам и подетално да го објаснам овој мој маил, кој произлегува од мојатата тотална разочараност од работата на амбасадата и апсолутната негрижа на министерството за желбите и молбите на бројни граѓани од Република Македонија кои се упатени кон мене, за индоленција и негрижа на службениците во амбасадата.

Ова го трпам веќе две години, веќе нема. Како почесен конзул, на жалост, не можам, како немам овластувања да им помогнам на државјаните на Република Македонија, но ми се гади и го презирам игнорантскиот став на службениците од амбасадата кон повиците за помош на државјани и државјанки на Македонија во Република Хрватска.

Што се однесува до мене, доколку се смета дека јас сум крив во оваа постапка, утре ќе си поднеам оставка на должноста почесен конзул, која во однос на актуелната власт во Република Македонија преминува во обичнo исмејување.

Нешто што мене како член и на Македонската академија за науките и уметностите како почесен доктор при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, не ми треба.

Затоа господа во министерството и амбасадата, работете ја својата работа за добробитот на своите граѓани, но тргнете ме од оваа (моментално) смешна функција на почесен конзул.

Горан Калоѓера е редовен професор на Филозофскиот факултет во Ријека и надворешен член на МАНУ.

За својот долгогодишен ангажман на промоција и изучување на македонската книжевност, јазик и култура, Горан Калоѓера е добитник на Државната награда на Република Македонија “Медал Свети Климент” како и Рациновата награда и Златна плакета на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Калоѓера е воедно и носител на државната награда на Република Македонија, Медал за заслуги за Македонија.

Во 2010 година Македонската влада го именуваше за почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска со седиште во Ријека.

Министерот на пат, кабинетот му спие

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.