Француската женска ракометна репрезентација ја победи Русија во финалето на ЕП со резултат 24:21 и ја освои првата титула на европските првенства во својата историја.
На домашен терен Французинките триумфираа со победа, и го освоија Европското злато.
На полувремето водеа со 13:12 ,а во вториот дел постојано имаа голема предност,а во завршницата триумфираа со голема победа и зедоа злато за својата држава. Лакрабер со 6 и Минко со 4 голови беа најефикасни во францускиот состав, додека кај Русија, Вјахирева повторно беше најдобар поединец и реализираше 7 голови.
Прво мечот почна изедначено, до 14. минута во подобра позиција односно еден гол позитива имаа Русинките 7-6.
Французинките со серија од 3-0 поведоа со 7-9 во 19. минута.
Двете екипи на фановите им приредија еуфорично и возбудливо финале.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.