Основниот суд Скопје 1 – Скопје информира денеска дека,судијата Осман Шабани ќе го води предметот КОК бр.3.19 од обвинителството означен како Талир оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела.
Судијата Осман Шабани ги води исто така и предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.
Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.
На 22 ноември минатата година Специјалното јавно обвинителство до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“.
Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, но тоа ќе биде сметано од денот кога тој ќе биде пронајден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.