Откако на прес конференцијата со Курц во Виена, премиерот Заев се заблагодари што Велика Британија излегува од ЕУ со цел Македонија да го завземе нејзиното место како земја членка, почнале да ѕвонат телефоните на Илинденска б.б. Се јавиле Принцот Филип, Принцот Ендрју, Војвотката Камила, како и Принцезата Ана.
Најбитен сепак бил телефонскиот разговор на Заев со Принцот Чарлс, постариот син на Нејзиното Височество Кралицата Елизабета, кој во срдечен разговор искрено му се заблагодарил на Заев како прв премиер кој јавно признал дека Британија излегува од ЕУ од хуманитарни побуди, како поголема држава која сака да им помогне на помалите земји како што е Македонија. Заев рекол дека тоа е најмалку што можел да го направи, дека ако треба пак ќе го повтори истото и во интервју за БиБиСи, на својот впечатлив англиски, со симпатичен Јоркширски дијалект. Тема на разговорот било и здравјето и добросостојбата на Кралицата Елизабета Втора, на што Принцот Чарлс се заблагодарил, рекол дека Нејзиното Височество се држи, но сепак нагласил дека таа има полни 93 години и не се знае кога Бог ќе ја посака покрај него. Сакајќи да го увери Принцот Чарлс дека Британија нема потреба да се грижи и за такви моменти што ја има Северна Македонија како свој сојузник кој ќе седи на нејзиното столче во ЕУ, Заев на чист британски англиски, му рекол:
Ноу дискасити мај Принц, иф Квин Елизабет травел то Свети Петар, ај хев гуд лејди фор риплејсмент х’р, анд дет ис мај вице премиер, лејди Шеќеринска!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.