Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Објавил: Мате Парлоф | 30 август, 2019 9:59

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Фото/Текст извор: ©магазин

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го памети по ефикасното вработување и бескомпромисното отпуштање на сопствената мајка, денес во раните утрински часови одржа прес конференција посветена на енигмата која ја загатна министерката за правда Рената Дескоска, кои опозиционери имале опсесија да си го мерат со неа. Прес конференцијата Манулач ја одржа пред белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани на нашата земја,

Веќе изминува вториот ден како Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги постави министерката за правда Рената Треневска Дескоска. Мицкоски сеуште се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот партиски портпарол и зад прес конференциите на антизападниот Влатко Ѓорчев. Но, јавноста ги чека одговорите од Мицкоски и сака да ја знае вистината, сега и веднаш! Затоа Христијане, одважи се, излези пред јавноста и одговори јасно и гласно, кои двајца твои сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ имаат опсесија да си ги мерат со Рената Дескоска? Зарем не е срамота самата опсесија да си ги мерите со жена и со госпоѓа, зарем до тоа дно паднаа демо-христијанските вредности на анти-европската клика во опозиционата партија? ВМРО-ДПМНЕ очигледно сеуште е заглавена во минатото и никако да излезе од филмовите на сексизам, тиндер и порн-хаб. Што е следно господине Мицкоски, зарем ќе одите дотаму да си ги мерите и со Серена Вилијамс? До кога ќе го тормозите понежниот пол од власта, а особено припадниците на ЛГБТИ во нашите редови? До кога ќе ги поттикнувате вашите следбеници да сурфаат по фејсбук сликите на нашите министерки со лева рака? Зошто г-не Мицкоски не излезеш јавно и не ги осудиш ваквите девијации? Граѓаните и јавноста заслужуваат одговори на овие прашања! Мицкоски, молчењето нема да ти успее. Напредкот на нашата Северна Македонија ќе продолжи, застанување нема. Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...