Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Објавил: Мате Парлоф | 16 март, 2020 22:23

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Фото/Текст извор: ©кооперација.мк

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Целта на оваа мерка е да се намали фреквенцијата на патници по овој ултрамодерен автопат, кој откако беше пуштен во употреба неколкукратно го зголеми бројот на туристи во нашиот најпознат туристички центар и го крена туризмот на едно ново, повисоко ниво.

Покрај автопатот, ќе се затворат и повеќе објекти изградени во последниве три години, па така клуч на врата ќе добијат и затворените базени во Охрид и Струга, стадионот и планинскиот дом во Битола, а клупите направени од оградата околу Влада ќе бидат забранети за употреба се’ додека не се дезинфицираат.

Под клуч ќе биде и новата ултрамодерна Клиника што беше изграден минатата година во Скопје поради немањето доволно пациенти.

Како  нова мерка што ќе ја превземе Минситерството за здравство  ќе биде и укинувањето на бесплатното здравство за сите во Европска Унија поради слабиот интерес на болните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...