Во 1992 година во Атина, на иницијатива на тогашниот премиер, Константин Мицотакис се одржале 3 состаноци за поделбата на Македонија.
На првиот состанок, претседателот на Романија го одбил предлогот на грчкиот премиер, а претставниците на Бугарија и бившата Југославија, делегацијата на Југославија која ја предводеше Слободан Милошевиќ, се изјасниле како воздржани.
На тие состаноци што се одржаа во 1992 година во Атина не беше викната да присуствува Албанија. На втората средба, овој пат без Романија, бугарскиот претседател Жељо Желев се изјасни како воздржан, додека пак Слободан Милошевиќ барал уште време да се почека за гласањето, поради неговите обврски во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Потоа дошло и до трет состанок, но само помеѓу Мицотакис и Милошевиќ, каде не дојде до некој договор, онаков каков што очекувал Мицотакис. После завршетокот на оваа средба, службено Скопје беше известено за развојот и содржината на средбата. Планот на Грчката воена агресија над Македонија е потврден и од страната на должностите на грчката тајна служба, Гликариса.
Не е случајно дека и ден денес, грчко-бугарската алијанса и делимично Романија, сакаат да го остварат пак својот план, но сега Грција беше таа земја, што ги блокираше евроинтеграциските процеси на Македонија. До сега тоа одеше софистицирано, за разлика од стариот план на агресија.
Цели 20 години, грчката стратешка политика беше водена со истите поставки, дефинирани од страна на Мицотакис и неговиот соработник Самарас, кои беше исто така премиер на Грција.
После многу години неспораѕум помеѓу Грција и Република Македонија, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро беше потпишан— меѓународен договор, потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.
Тој договор би требало да претставува конечно решение на спорот за името Македонија и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и Грција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.