СЗС соопштуваат дека бојкотот е во согласност со „договорот кој им е понуден на граѓаните и за чија реализација опозицијата гарантира со своите потписи”.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2019 17:13

Утре бојкот во Српскот парламент

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Пратениците на опозицијата(СЗС) утре ќе ја бојкотираат седницата на српското Собрание, изјавувајќи дека нема да учествуваат во работата и на републичките и локалните собранија, се додека актуелната влада не ги исполни барањата на протестите „Еден од пет милиони” и не се овозможат слободни и фер избори.

СзС соопштија дека сакаат да го променат системот во Србија и да ја вратат културата на решавање со дијалог и владеењето на правото во државата. Во нивното соопштени стои дека бојкотот е во согласност со „договорот кој им е понуден на граѓаните и за чија реализација опозицијата гарантира со своите потписи”.

Овие протести прво започнаа поради нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, со барања да се откријат сторителите и власта да престане со насилството кон неистомислениците.

– Првиот следен чекор ќе биде формирањето на Асоцијацијата на слободни одборници, која треба да ја олесни соработката и координацијата на одборниците во услови на бојкот на работата на локалните парламенти, се вели во соопштението, во кое се додава дека „пратениците и одборниците на СзС ќе продолжат да се борат надвор од институциите на системот”.

– Ние сакаме да го промениме системот и во Србија да ја вратиме културата на дијалог, владеењето на правото и политичката пристојност и нормалност, порачаа од СзС.

Илјадници граѓани во Белград протестираат на анти-владините протести под слоганот „1 од 5 милиони“. Собирот започнува пред Филозофскиот факултет, по што илјадниците граѓани маршираат низ улиците на главниот град на Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести