Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, ги повика граѓаните да ја соборат владата заради уривање на зградата на Народниот театар.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 мај, 2020 16:45

ХАОС ВО АЛБАНИЈА: Масовен протест на улиците, уапсени 30 лица меѓу нив и сопругата на претседателот на Албанија (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Албанската полиција се судри во Тирана со приврзаниците на опозицијата кои протестираа против уривањето на Народниот театар.

Утрово, група уметници и некои лидери на опозицијата беа истуркани од полицијата од местото пред зградата, пред да започне нејзиното рушење.
Мeдиумите изјавија дека 30 лица биле уапсени, меѓу кои и новинар.

На телевизиските снимки се гледаше како полицијата ја воведува во комбе лидерот на мала опозициска партија, Моника Криемади, сопруга на албанскиот претседател Илир Мета.

Одлуката на владата да ја сруши зградата на Народниот театар, изградена од Италијанците кога ја окупираа Албанија во Втората светска војна, се спротивставија од уметници, опозициски политичари и други граѓани, нагласувајќи дека треба да се реновира.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, ги повика граѓаните да ја соборат владата заради уривање на зградата на Народниот театар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...