Во голем пожар кој избувна утринава во дел од историскиот центар на Дака, главниот град на Бангладеш 70 лица го изгубија животот, додека 50 луѓе се повредени.
Во стариот дел на Дака, рано утринава избувнал пожар во четирикатна станбена зграда и за брзо време се проширил насекаде. На тоа место како што јавуваат тамошните медиуми, имало магацини на хемикалии и пластика кои брзо гореле и го прошириле пожарот. Објектите се целосно уништени, а пожарникарите ги вадат телата на настраданите.
Огнот се проширил и на околните згради, а по експлозијата на неколку плински боци, настрадале многубројни пешаци и гости кои биле во близина на квартот.
Бројот на жртвите се зголемува, бидејќи потрагата се уште трае, изјави денеска Шакил Неваз, директорот на противпожарната служба.
Тој рече дека досега се пронајдени 70 мртви тела, а спасени се 41 лице а операцијата на гаснење на пожарот е во последна фаза, изјави тој.
Дака е главниот град на Бангладеш и централен град на Областа Дака. Тој се наоѓа на бреговите на реката Буриганга.
Заедно со областа, Дака брои 15 милиони жители, правејќи го најголемиот град во Бангладеш и еден од најнаселените во светот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.