Физичка пресметка помеѓу вработените во Општина Новаци! Во вторникот попладне во општината Новаци се случил страшен инцидент откога еден од вработените беше нападнат од негов претпоставен.
Според нашиот извор највероватно нападнатиот бил во врска со Елена Ц. од Новаци која пак е ќерка на директорот на Комуналец Борче Јовановски
Немилиот настан се случил во вторникот кога Драган Б. инаку возач на градоначалникот на оптштина Новаци со палка бил нападнат од директорот на Комуналец Борче Ковановски кој предходно со автомобил го следел низ Битола. На Драган Б. му биле нанесени телесни повреди по што е пренесен во градската болница во Битола.
Драган возачот на градоначалникот на оптината е сеуште во болницата во Битола и е надвор од животна опасност.
На прашање од редакцијата на Магазин вечерва околу 19 часот љубезен машки глас од болницата во Битола на одделот за ортопедеија, ни потврди дека во вторникот на 5. март 2019 лицето Драган Б. бил хостпитализиран во нивната болница.
На страната кај МВР не можевме да пронајдеме дали случајот е пријавен и регистриран, поради што веста ја пренесуваме со доза на претпазливост.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.