Демонстрации по повод Денот на жената во Истанбул, беа спречени со употреба на солзавец. Полицијата интервенираше неочекувано и со употреба на солзавец ги стопираше собирите на жените, кои сакаа да ги пробијат барикадите кои ги постави полицијата.
Како што јавува агенцијата АФП, полицијата им се заканувала на демонстрантите на улицата Истиклал. Но, жените побегнале во околните улици, а поред видеата кој се објавени на социјалните мрежи, има полицајци кои пукаат гумени куршуми пред стапалата на демонстрантите.
Демонстрантите немале дозвола за одржување на собирот, и сето тоа како изненадување на полицијата.
Најголемиот марш по повод Денот на жената обично се одржува на најголемата шопинг-улица во Истанбул.
Но оваа година им беше забранет собир на улицата Истиклал. Но, сепак илјадници жени и покрај забранувањето се собраа да протестираат за своите права. Тие пееја и танцуваа и со мегафони бараа да им дозволат да ги поминат барикадите што полицијата ги постави.
Демонстрации имаше и во Анкара, каде протестираа повеќе стотици жени. „Мажите убиваат, а државата ги штити убијците“, извикуваа дел од жените што протестираа.
„Ова е систем, ова е држава која се плаши од нас“, извикуваше една жена.
На илјадниците демонстранти потоа им беше дозволено да протестираат на мал дел од улицата. Потоа демонстрантите беа заглавени помеѓу две полициски блокади и постепено разбиени со солзавец.
Во претходните години власта не дозволуваше да се одржуваат маршеви за права на жените.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.