Неуморниот борец против непотизмот, Костадин Костадинов (Манулач), кој се прослави во борбата против непотизмот кон неговата родена мајка, денес смело застана пред Собранието и го повика Талат Џафери, но и сите други пратеници, заедно да се борат против непотизмот во државата. Прес конференцијата Ви ја пренесуваме во целост:
Почитуван претседателе на Собранието,
за те омекнам, еве ќе те поздравам со “Мирдита“. Јас, Костадин Костадинов, немам проблем со двојазичноста. Но, имам проблем господине Талат Џафери, што и после една година од вработувањето на твојата ќерка Бесија Џафери во ЕЛЕМ, сеуште не си и кажал да се повлече од тоа работно место, кое јавноста цени дека го добила по принципот на непотизам. И како ќе одиме вака во Европа? За ова ли се боревме. За ова ли Петре Шилегов дигаше две раце за да те изгласаат претседател на Собрание, па ене го сега депримиран, па пие да заборави!? Осмели се Талат. Повикај го и твојот баџанак Нури Бајрами да се повлече од местото потпретседател на Антикорупциската комисија. И кога ти ќе го повлечеш овој реформски потег, тогаш многу полесно ќе биде да ги повикаме твојот пример да го следат и Теута Арифи која си ја вработи сестрата, министерот Арбер Адеми кој си ја вработи снаата и министерот за економија Бектеши кој си ја вработи сестрата во МЕПСО. Твојот потег Талат ќе го следат и пратеничките Татјана Прентовиќ која си го вработи братот во Македонската опера и балет, како и Анета Димовска Симеска која пак братот од приватен стоматолог си го постави за директор на болницата во Македонски Брод. Размисли Талат, од овие твои потези може да зависи и европската иднина на Северна Македонија. Затоа ајде заедно да се бориме против непотизмот, да влеземе во ЕУ и сите радосно да викнеме “Уриме“!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.