Младата Симона Зафировска е Македонката која сурово ја уби својата мајка Радица Зафировска. Симона го извршила убиството додека нејзината мајка спиела, удирајќи ја силно во главата. Убиството го извршила во 2016 година кога имала само 20 години.
При првото сослушување, Симона некако успеала да се извлече со лажното сценарио кое го направила . Таа лажирала кражба, и пред полицијата изјавила дека крадци ги нападнале таа вечер, но подоцна вистината излегла на виделина.
Инаку Радица ја посвоила Симона, пред дваесет години и се грижела за неа и ја сакала како свое родено чедо.
Симона е посвоена во Македонија, а потоа Радица ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството. Соседите на Радица ја опишале како многу фина и мирна жена, тие кажале само пофални зборови за Радица. Суровото убиство се случило на 28 октомври 2016 година додека несреќната жена спиела.
Радица Зафировска им подлегнала на повредите кои и ги нанела нејзината посвоена ќерка. Симона со 26 удари во главата ја убила Радица додека спиела,ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.
Судот во Бризбејн ја осуди Симона како прогласувајќи ја за суров убиец. Од судот ја прашаа како можела да спие после убиството, ако знаела дека и нанела смртоносни удари на нејзината мајка додека и таа спиела.
,,Таа беше ужасно, ужасно повредена“-рече судијата.
Симона Зафировска е осудена на казна затвор, без право на помилување до 2035 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.