Бранка објавувајќи ја фотографијата напиша само еден збор – МАЈКА и до неа стави стикер со срце.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2020 11:22

Новинарката Бранка Костиќ-Марковиќ заразена со коронавирус – нејзината мајка секој ден доаѓа под прозор да ја види (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©dosie.mk

Музичката критичарка, новинарка, публицист Бранка Костиќ Марковиќ, која пред повеќе од една недела објави дека е позитивна на корона вирусот и дека е во домашна изолација, објави многу моќна фотографија на својот профил на Фејсбук. На фотографијата е мајка и која седи под дрво и пред зграда во која живее ќерката и преку прозорец разговара со неа.

Бранка објавувајќи ја фотографијата напиша само еден збор – МАЈКА и до неа стави стикер со срце.

„Мајка ми и татко ми доаѓаат наизменично секој ден до мојот дом и преку прозорецот сакаат да ме видат и така лично да се уверат дека сум добро, без разлика што постојано се слушаме преку телефон или, пак, ме гледаат преку видео повик на вибер, “ изјави Бранка за порталот Досие.мк

Инаку Бранка Костиќ е повеќе од 20 години музички критичар, на телевизија „Телма“. 

Бранка секојдневно на Фејсбук ги известува своите пријатели и следбеници за нејзината здравствена состојба и како го издржува фактот што е позтивна на вирусот и тоа што е во домашна изолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести