Се надевам дека економските параметри кои лично ме прават оптимист ќе бидат поголеми

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 9:52

Заев: Намален трендот на заминување на младите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Премиерот Зоран Заев смета дека треба да се исполнат неколку услови на кои Владата во моментов работи за младите да останат во Македонија, односно да не ја бараат својата среќа во странство. Тврди дека трендот на заминување е намален, но и дека сè уште постои.

Се намалува севкупната невработеност, која сега изнесува 19, 4 отсто, како и невработеноста кај младите која од 48,2 отсто во 2016 е намалена на 45,8 отсто во 2018 година, рече Заев.

Се надевам дека економските параметри кои лично ме прават оптимист ќе бидат поголеми и оти граѓаните вистински ќе ги почувствуваат, но за да се задржат освен тоа потребно е и владеење на правото, добро здравство, квалитетно образование….Нешто на што сите ние и заедно работиме. Само така граѓаните ќе почнат да се разубедуваат да не ја напуштаат државата и овде да се реализираат, а дури потоа и можеби некои што се заминати ќе се вратат“, рече премиерот на презентацијата од ефектите на проектот „Младинска гаранција“.

Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска рече дека тенденциите на пад на наталитетот, според неа, се од времето на минатата власт, додека сега само се чувствуваат последиците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...