Вооружени напаѓачи ја ограбиле експозитурата на НЛБ Банка во скопската населба Чаир. При грабежот бил нападнат и повреден 26 годишен маж вработен во банката како обезбедување.
Според информациите од МВР при текот на грабежот имало пукање од огнено оружје, но нема ранети. Полицијата веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е расчистување на случајот. Сè уште нема детали за тоа колку пари се украдени од банката.
Во соопштението од НЛБ банка е наведено дека работат заедно со надлежните на расчистување на случајот, како и на утврдување на висината од направената штета.
Во него е наведено дека клиентите кои се затекнати во експозитурата и вработените се безбедни и во добра состојба.
„Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства,“ истакнуваат во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.