За време на посетата во Скопје, на Папата Франциск ќе му бидат послужени македонски вина на винарницата „Стоби“.
И покрај тоа што папата Франциск ќе биде послужуван со ексклузивни вина од винарницата Стоби, винарницата обезбеди и подароци за папата како и за останатите членови на високата делегација кои ќе присуствуваат на свечениот ручек во Скопје.
Освен Светиот Отец на свечениот ручек ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости. Најексклузивните и најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата.
Во негова чест ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле светски награди, односно белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.
– Навистина сме почестени што Скопската Бискупија како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје ни ја дадоа нивната доверба и ги оценија вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кои треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од огромно значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската Бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.
Франциск е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.