Најпознатиот српски пејач Аца Лукас, повторно е во центарот на вниманието, но овој пат повод за тоа е неговата нова девојка.
Аца Лукас на промоцијата на новиот спот на својата колешка пејачката Маја Беровиќ, се појави токму со новата сексипилна девојка Јована.
Многумина од фановите велат дека Лукас до себе има навистина атрактивна девојка, која многумина и ја нарекоа вистинска бомба.
За време на промоцијата парот постојано се држеше за рака и изгледаше среќно пред многубројните присутни ѕвезди од естрадата. Особено го привлекоа вниманието на новинарите откако започнаа да се бакнуваат.
Фановите на големо коментираат дека пејачот има вистинска бомба покрај себе која е сексапилна до болка.
За потсетување фолкерот до минатата година беше во брак со неговата сопруга Соња, со која ја има ќерката Викторија.
Инаку во српските медиуми на големо се пишуваше дека Соња Вуксановиќ со месеци го изневерувала Аца Лукас со познатиот кошаркар Марко Јариќ.
Наводно Соња со месеци пред разводот била во тајна врска со кошаркарот, па веднаш штом дознал Аца Лукас почнале деновите од пеколот во семејството Вуксановиќ.
Лукас и Соња се разведоа минатата годиа а таа го обвини за насилство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.