Се уште не стивнуваат реакциите на гледачите на најпопуларната хит серија Чернобил, која повторно го актуелизира местото каде се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот.
Верувале или не, на дното во шумата се упте стои лажицата која најверојатно му припаѓала на некој багер кој бил користен во големото чистење на радиоактивните материјали во Чернобил. Токму таа како што велат експертите е толку радиоактивна што само еден допир може да ве убие.
Роб Максвел, истражувач и експерт за радијација во 2011 година ја пронашол лажицата, при обиколка во Украина.
Во 1986 година, кога и се случи најголемата катастрофа во Чернобил, багерот отстранувал делови од многу радиоактивни материи кои после експлозијата биле расфрлани насекаде.
Ова е најопасниот објек во целото подрачје на таканаречената забранета зона.
„Може да биде смртоносна. И денес постојат голем број работи кои на долги стази може да ве убијат, но оваа „канџа“ дефинитивно е најопасна, бидејќи може лесно да ѝ се пријаде. Водичот цело време велеше: „Не допирајте, не допирајте!“, објаснува Максвел.
Тој дури и ставил рака во внатрешноста за да го измери нивото на радијацата.
„Дали бев згрижен, секако! Не беше лесно затоа што бројачот полуде, но при едно броење измери 39.80 микросиверти по час“, рекол тој.
Смртоносната доза радијација е некаде околу 10,000,000 микросиверти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.