Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.

Објавил: admin@magazin | 17 јули, 2019 9:30

Боки 13 барал од Константин Георгиески 3.000.000 денари- Под чиј притисок општината исплатила пари?

Фото/Текст извор: ©скопје 1

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година, пишува Скопје 1.

Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.

По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но Константин Георгиески категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.

Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година. Боки 13 пред два беше однесен пред судот, каде му беше одреден 30 дневен притвор.

КОЈ ВРШЕЛ ПРИТИСОК ДА СЕ ДАВААТ ПАРИ НА БОКИ 13 ?
Останува отворено прашањето под чиј притисок општината исплатила пари на телевизијата на Боки 13 во 2018 година?

Неофицијално ургенциите доаѓале од страна на високо позиционирани функционери во СДСМ, кои по изборите во 2019 година прекинале да ургираат кај новиот градоначалник бидејќи најпрво беше најавена партиската „метла“, а потоа беа и поменетени од „метлата“, а во колумните на Бранко Героски лицето кое барало пари за Боки се именува како „Кики“.

Со овие пари немал никаква поврзаност Зоран Милески Кичеец кој се терети за поврзаност со изнудите во случајот „Империја“ кои се во милиони евра.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес. *Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести