По смртта на познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, кој загина на 17 февруари годинава во страотна сообраќајна несреќа, јавниот суд во Билефелд во Германија подигна тужба против возачот кој го управуваше возилото кое го усмрти пејачот.
Имено, возачот на возилото кое го усмрти Шабан, беше германскиот државјанин со турско потекло Алсин Левент кој наскоро пред регионалниот суд ќе одговара за убиство во сообраќајна несреќа.
По тој повод се огласи и семејството на Шабан Шаулиќ кое вели дека имаат доверба во германскиот правосуден систем.
-Имаме доверба во правниот систем на Германија и очекуваме човекот кој ја предизвика смртта на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ и му нанесе тешки повреди на Бобан Стојадиновиќ да биде адекватно казнет. Нашиот татко и сопруг ништо нема да го врати, но очекуваме правдата да биде задоволена, велат од семејството.
За потсетување Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари. Тој во возилото се наоѓал во кола со неговиот кум и возачот а несреќата се случила во околината на Билефелд каде што претходната ноќ одржал настап.
Шабан Шаулиќ по несреќата итно беше префрлен во болница, но за жал им подлегна на повредите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.