Пратеникот Антонијо Милошоски воедно и претседател на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија открива дека Талат Џафери повторно го прекршил Деловникот за работа на законодавниот дом.
Имено иако сите членови на комисијата со која раководи Милошоски имаат безбедносни сертификати за пристап до тајни документи Џафери забранил да им се достави документацијата поврзана со името на државата на пратениците.
Оваа одлука на Џафери е ново кршење на Деловникот за работа на Собранието на Македонија.
Џафери издал усмена наредба за забрана собраниските служби да достават материјали за седницата на која министерот за надворешни работи Никола Димитров треба да даде отчет за преговорите со името.
Со ова се отвора и сомнеж што е страшно во класифицираните документи кои требало да ги добијат пратениците?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.