Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево со повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе изнесуваат од 6 и 16, а максималната од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.
И во првите денови од следната недела не очекува стабилно, суво и уште потопло време, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Позначителна промена на времето ќе започне некаде од средината на следната недела, кога очекуваме зголемување на облачноста, а условите за врнежи ќе почнат да растат.
Повеќе детални информации околу промената на времето во Република Македонија ќе следат овие денови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.