Трагедија ја потресе Македонија откако вчера почина Мефали Гури, планинарот кој заедно со уште осум други планинари од планинарското друштво „Шкупи“ заминале на Олимп, за да го искачат врвот Митикас.
Според правилата по кои се водат планинарите, вообичаено тие пред да се искачат на врвот, преспиваат во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ од каде што во раните утрински часови, се упатуваат кон врвот. Но, несреќата се случила вечерта пред домот.
„Вчера дел од членките отпатувавме за Грција за да се искачиме на планината Олимп. Околу 20 часот бевме на 50 метри од планинарскиот дом. Во еден момент нашиот член и брат Мефали застана, се наведна над стапчињата и падна во несвест, тркалајќи се околу 10 метри. Истрчавме за да дадеме прва помош во рок од две минути, а пристигнаа и планинските служби за да дадат прва помош. Го дадоа својот максиумум. Со електричен удар се обидоа да го вратат во живот. Во планинарскиот дом требаше да ја поминеме вечерта и следниот ден да продолжиме да го искачуваме Митикас на Олимп. Го откажавме искачувањето и рано наутро се упативме кон градот Литихоро, каде што во моментов ги извршуваме потребните процедури за починатиот“, напиша претеседателот на друштвото Јашар Хирда на неговиот фејсбук-профил.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.