Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 22:02

Пошта распиша конкурс -се бараат 80 работници

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Граѓаните уште не се задоволни од нивните услуги, но Македонски пошти набргу ќе добијат 80 нови вработени. Генералниот директор на ова друштво распишал оглас за дури 80 нови вработувања, и тоа на неопределено време, пренесува Фактор.

Пошта има 700 шалтери, и им требаат бројни шалтерски работници нив да ги опслужуваат.

Меѓу позначајните позиции за кои се распишани нови огласи се следниве. Се бараат двајца луѓе да бидат преведувачи на странски јазици во Дирекцијата на пошта, кои треба да имаат Филолошки факултет и познавање на еден странски јазик, кои ќе земаат плата од 22.465 денари, како и еден соработник за кадри кој ќе зема над 23 илјади денари. Иста плата ќе има и соработникот за финансиско работење, како и соработникот за комуникација.
За скопската подружница се бараат седум извршители, кои месечно ќе бидат платени со по околу 17 илјади денари, а за истата плата се бараат и четворица делители во Одделението за подготовка.

Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Се бараат и голем број шалтерски работници во регионалните подружници на Поштата, кои ќе земаат по околу 17 илјади денари плата.
Директорот на Македонски Пошти, Ејуп Рустеми, за Фактор вели дека овие вработувања биле неопходни, бидејќи од 2016 година, кога во Поштата се вработиле 144 лица, се досега, односно во 2017 и 2018 година, немало нови вработувања во ова значајно претпријатие. Од друга страна, пак, вели тој, од 2016 година па се досега, поштата по разни основи, како што се заминување во пензија или други основи, ја напуштиле дури 210 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Работа

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Отворени над 500 работни позиции: Во тек е најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот

  Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување...

Податоците на приватната агенција за вработување „АДП“, покажуваат дека овие бројки се далеку поголеми од очекуваните. Компаниите во Америка отвориле 271.000 работни места.

Нови 271.000 работни места во Америка

Американските компании во декември отвориле 271.000 работни места. Новите податоци на...