Како што беше соопштено од МВР од надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар била поднесена кривична пријава против педесет годишниот Ш.Б. од село Беловиште, гостиварско, кој бил осномничен дека ги олеснил пензионерите за неколку пензии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 мај, 2019 17:08

Поштар од „Македонски пошти“ фалсифукувал потписи и украл 23 пензии со лажни налози

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поштар вработен во „Македонски пошти“ крадел пензии со лажни налози.

Како што беше соопштено од МВР од надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар била поднесена кривична пријава против педесет годишниот Ш.Б. од село Беловиште, гостиварско, кој бил осномничен дека ги олеснил пензионерите за неколку пензии.

Поштарот присвоил 23 пензии

Поштенскиот работник бил пријавен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување исправа.

„Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците“,стои во соопштението на МВР.

Со фалсификувањето на потписи на 23 налози за исплата на пензии, поштарот успеал да ги олесни пензионерите за вкупно  223.533 денари.

Ова не е прв случај во Македонија да биде фалсификуван потпис и да бидат одземени парични средства.

Минатата година Телма, објави за поштар кој олеснил повеќе од сто Злетовци кои останаа со испразнети сметки и штедни книшки. Тој успеал да украде дури 200.000 евра а во сторијата на Телма беше објавено како службеникот во Македонска пошта со години наназад повлекувал голема сума на пари, но и не им ги внесувал на штедните книшки на корисниците. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести