За шест месеци Македонска Пошта остварила загуба од 50 милиони евра, а блокираниот платен промет е само дел од причините за финансиските загуби на компанијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 17:26

За шест месеци 50 милиони евра загуба- банките до петок треба да достават понуди до Македонски пошти

Фото/Текст извор: ©алсат.мк

Банките ја почнаа трката за добивање на платниот промет на Македонска пошта. Во петок ќе се знае колку од комерцијалните банки во земјава се заинтересирани да ја добијат работата. Главен проблем во целиот процес може да се случи доколку новата банка која ќе работи со пошта да не може да продолжи да го користи софтверот со кој работеше пропаднатата Еуростандарт банка. Но, директорот на пошти вели дека е оптимист и дека нема да треба нов софтвер за идната банка, информира Алсат.мк .

„Тој информациски систем требаше две години да се инсталира во нашите шалтери и сите наши шалтерски работници да се обучат на таа апликација. Тоа е многу битно, ние да го користиме истиот информациски систем, бидејќи ќе можеме веднаш кога ќе склучиме договор со некоја банка да продолжиме со платниот промет“, вели за Алсат Ејуп Рустеми, директор на Македонска пошта.

За шест месеци Македонска Пошта остварила загуба од 50 милиони евра, а блокираниот платен промет е само дел од причините за финансиските загуби на компанијата.

„Од март 2020 година ни падна меѓународниот поштенски сообраќај, март април мај немавме воопшто меѓународен поштенски сообраќај, потоа падна многу и внатрешниот сообраќај. Сега и со платниот промет ние имаме сериозни последици во финансиската состојба“, додава Рустеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести