наку, според информациите на ТВ24 проценетата сума на зградата „Макотекс“ изнесува нешто над 7 милиони евра додека на Градската куќа почетната цена изнесува 12,7 милиони евра.

Објавил: admin@magazin | 11 октомври, 2019 20:52

СОПСТВЕНИКОТ НА “МАКОИЛ” МИТЕ ЈОВАНОВСКИ САКА ДА ЈА КУПИ ГРАДСКАТА КУЌА!

Фото/Текст извор: ©24 вести

Сопственикот на зградата „Макотекс “ и на компанијата „Макоил“, Мите Јовановски меѓу првите кои пројавија интерес за барокната зграда.

Јовановски за ТВ 24 вели дека до сега не постоела понуда на маса за зградата „Макотекс “ од страна на градоначалникот Петре Шилегов за евентуална компензација со Градската куќа, но вели не е исклучена секоја варијанта.

Иако во јавноста се шпекулира дека зградата „ Макотекс“ ќе треба да се компензира со Градската куќа, сопственикот такво нешто негира но е подготвен да ја отстапи зградата за добра понуда.
Дека зградата „Макотекс“ била предмет на серија безуспешни договори зборува и сопственикот Јовановски. Тој вели и со претходниот градоначалник се разговарало за евентуална компензација но истата идеја пропаднала.

Па така сегашниот градоначалник Петре Шилегов пред извесен период се пофали дека ќе ја откупи зградата „Макотекс“ и дека ќе ја урне за да ја прошири улицата „Даме Груев“ во булевар, па од тука се отвора дилемата во јавноста дали ваквите најавија на Шилегов навестуваат евентуална компензација со бизнисменот Јовановски. Го прашавме и него, тој потврди дека до сега имале само еден разговор со Шилегов но дека се уште начелно ништо не е договорено.

На продажбата на Градската куќа жестоко реагираше опозицијата со обвинување дека Шилегов веќе намирисал бизнис интереси, тој пак негираше било какви бизниси врзани за Градската куќа.

Инаку, според информациите на ТВ24 проценетата сума на зградата „Макотекс“ изнесува нешто над 7 милиони евра додека на Градската куќа почетната цена изнесува 12,7 милиони евра. Барокната зграда останува во интересот на бизнисмените. Дали Јовановски ќе успее да се спогоди со градоначалникот Шилегов останува јавноста да дознае.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...