Пратеникот Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил напиша дека актуеланата влада е во преизборно брзање, а се уште не е изгласан буџетот на Република Македонија.
– Предлог-буџетите во 2014, 2015, 2016 и 2017 година, од страна на владата до Собранието секогаш беа доставувани во текот на месец септември. Тоа е знак на соодветна координација меѓу институциите и добро менаџирање на процесот од стана на М. Финансии како надлежна установа.
Оваа година почнаа да се ситнат деновите од ноември, а од предлог буџетот ни трага ни глас. Слично беше и во 2018/19 година. Тоа е сигнал за два крупни недостатоци
– Прво, владата во предизборното брзање нема јасен концепт за буџетско насочување и за ефикасно искористување на капиталните инвестиции, чија реализација е очајно слаба и
– Второ, Министерството за финансии и економскиот тим Заев-Анѓушев-Нина Групер немаат капацитет да дефинираат приоритети за кои ресори ќе се одделат повеќе средства (дали за образование, здравство, животна средина, земјоделие, култура, инфраструктура, дипломатија или одбрана итн?). Секој министер влече на своја страна, некој воден од фамилијарни бизнис интереси, или партиски неисполнети ветувања, а во тимот на Заев нема буџетски стратег кој ја согледува големата економска слика и кој има капацитет да пресече за буџетските приоритети.
Што можеме да очекуваме во вакви околности? Можеме да очекуваме предлагање на гломазен желботека-буџет кој би тежел околу 4 милијарди евра, според девизата “пиши, хартијата трпи се”. И згора на тоа, можеме да очекуваме намалување на капиталните инвестиции кои носат развој, а во буџетот да има дуплирање на средствата за вработување на договор на дело во администрацијата, како предизборен обид на сметка на буџетот да се намали разочарувањето кај гласачите на коалицијата на СДСМ-ДУИ-Амди-ДОМ-Љубе-НСДП-Самка!, стои во објавата на Милошоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.