Лекувањето на болката во колкот мора да биде насочено на специфичната причина за проблемот.​

Објавил: Едмонд Бекири | 26 мај, 2023 18:51

БОЛКИ ВО КОЛК – причини и лекување!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Болка во колкот е чест проблем, а може да биде збунувачки бидејќи постојат многу потенцијални причинители. Прецизната дијагноза е од особена важност, за да може темелната терапија да го разреши конкретниот проблем.

Карлицата, односно областа околу колковите е исклучително чувствителна и склона на промени кои се причинети поради долговремено седење, стоење, повторувачка активност или траума.

Болките во колковите неретко не се знак за оштетување на колкот, туку за некое друго телесно пореметување или инфекција.

ПРИЧИНИ ЗА БОЛКА ВО КОЛКОТ
Колковите се составени од зглобови, ’рскавица, лигаменти и мускули. Секоја од овие структури е подложна на трошење, пукање, истегнување, стареење…, па кај секој човек порано или подоцна, барем еднаш во животот ќе се појави некој „вид“ на болка во колкот.
Болката во колк кај помладата популација е причинета од пренапрегнување на мускулите, а кај постарите луѓе од прогресивни дегенеративни процеси кои се појавуваат во средовечна возраст или рана старост.​
Она што често го нарекуваме „вклештување на нерв во колкот“, а проследено со вкочанетост на бедрената регија – најверојатно е проблем со вклештување на нерви, но не во колкот туку во пределот на лумален ’рбет.Кога станува збор за вклештен нерв, голем број пациенти го одложуваат одењето на лекар се’ додека состојбата драстично да се влоши, а болките предизвикани од оштетувањето на нервот повеќе не можат да се ублажат со аналгетици.​
Со РТГ на лумбосакралниот ’рбет и РТГ снимка на карлицата и колковите може да се поштедите од доживотни потешкотии и болки во пределот на колковите. Болките во колкот често може да се заменат и со лумбосакрален ишијас.​
Едно од прашањата кои најчесто се поставуваат се однесува за болките после операција, поточно – по вградување на колк. Лекарите иако имаат големо знаење, сепак не се семоќни и волшебници.

Половина час вежбање за вашето тело чини чуда.

Болките после операција може да бидат подносливи и иритантни па во текот на првите месец дена квалитетот на животот може драстично да биде нарушен.
Организмот функционира како една голема комплексна машина и има т.н. „моќ на регенерација“ (во зависност од телесниот систем и ткивото). Операцијата на колк е вид на траума од која организмот исто така треба да закрепне.
Постои можност дека доживотно ќе го чувствувате колкот кој сте го оперирале, но пропаѓањето на околното ткиво ќе биде запрено, а оштетувањето сведено на минимално ниво. Болки во колкот предизвикани од операцијата може да се јавуваат и до година дена после зафатот, но не со толкав интензитет како првите 3 месеци.
Траењето и интензитетот на болките зависат и од општата состојба на пациентот како и од неговата возраст. Иако се врши истата операција, со потполно ист метод – постои важна разлика.
Организмот на 25 и 50 години не закрепнува еднакво брзо. Всушност, колку организмот е постар – телото се’ потешко закрепнува, како од настинка така и од операција или повреда во пределот на колкот.
Вооружете се со трпение и добра волја, па бидете и свесни за своите ограничувања и бидете свесни за своите ограничувања и не ги надминувајте во текот на рехабилитацијата.

Некои од причините за болка во колк се:

АРТРИТИС – е една од најчестите причини, за што постојат многу достапни третмани за лекување. Ако конзервативните третмани не успеваат, една од опциите е и замена на зглобот на колкот.

ТРОХАНТЕРИЧЕН БУРЗИТИС – многу чест проблем кој е предизвикан од воспаление на бурзата од надворешната страна од зглобот на колкот.
ТЕНДОНИТИС – може да се појави во било која тетива која го опкружува зглобот на колкот.
ОСТЕОНЕКРОЗА – е состојба која се јавува при ограничен проток на крвта во областа на коската. Доколку неадекватна количина на крв доспева до коската, клетките може да изумрат и коската може да пропадне.
ЛУМБАЛНА БОЛКА – голем број проблеми во грбот и карлицата може да предизвикаат симптоми околу задникот и колкот. Најчести проблеми кои предизвикуваат болка во колкот се дискус хернија и ишијас.
Пренапрегнување на мускулите – околу колковите и карлицата исто така може да предизвикаат болки и грчеви. Најчесто тоа е случај со препоните и тетивите. Скршеница на колкот – најчесто кај старите лица е предизвикано поради остеопороза. Лекувањето на скршен колк подразбира операција, за да се замени скршениот дел или за да се вгради метална плоча со завртки. Фрактура на колкот кај спортисти – кај тешки спортови како трчање на долги стази. Лекувањето обично е успешно и вклучува одбегнување на различни активности.

Проблеми во колкот може да се јават и во детството, на пример:

Развојна дисплазија – претставува дислоцираност на колкот во раното детство, па тој не може правилно да се развива. Иако тоа обично не е болно за децата, може да доведе до артритис и проблеми со одот. Legg-Calvé-Perthes-ова болест – е проблем сличен на остеонекроза, но се јавува во детството. Во некои случаи може да дојде до трајно оштетување на колкот и артритис.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ЛЕКАР?

Ако не сте сигурни за причината поради која имате болка во колкот, или не ги разбирате специфичните препораки за лекување на вашата состојба, би требало да побарате лекарска помош. Лекувањето на болката во колкот мора да биде насочено на специфичната причина за проблемот.​
Некои од знаците кои укажуваат на потреба од лекарска интервенција се:
Неможност за нормално одење
Повреди кои предизвикуваат деформитет околу зглобот
Болка во колкот која се јавува навечер или додека одморате
Болка во колкот која трае неколку дена
Неможност да го свиткате колкот
Отоци во областа на колкот или бутот
Знаци за инфекција, грозница, црвенило и топлина
Сите останати необични симптоми.

ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛКА ВО КОЛК
Лекувањето на болката во колк целосно зависи од причинителот на проблемот, па затоа прецизната дијагноза е од голема важност. Ако не сте сигурни во причината на болката или за тежината на вашата состојба, би требало да побарате совет од лекар пред да започнете со било кој третман.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...