Како актерски пар пораснаа глумејки заедно во Народните приказни. Шенка Колозова, денеска сама без својот Ѓорѓи со многу емоции говори за нивниот живот, и за животот по неговата смрт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 18:33

Не сум за жалење, но него го нема- Шенка Колозова емотивно за смртта на Ѓорѓи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кога ќе се спомене нејзиното име веднаш сите знаат дека станува збор за сопругата на македонскиот цар “Ѓорѓи Колозов”.

Шенка и Ѓорѓи Колозови…

Како актерски пар пораснаа глумејки заедно во Народните приказни. Шенка Колозова, денеска сама без својот Ѓорѓи со многу емоции говори за нивниот живот, и за животот по неговата смрт.

Во интервју за Бекстејџ Шенка открива со што се занимава по смртта на сопругот Ѓорѓи…

Вели дека по бројните претстави кои ги играла низ цела Македонија, решила да се повлече од актерството: 

“Пред две години реков: “Мене ми е доста, не можам веќе” и затоа прифатив да бидам зад сцената”, изјавила таа и додала дека го користи слободното време за одмор во старата куќа во едно охридско село.

Во интервју за Бегстејџ Шенка вели дека жали што Ѓорѓи не е повеќе до неа за да се радува на одредени моменти. Открива дека секој ден и се потешко поради неговото отсуство.

“Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден-денес ми е тешко што не може да го доживее тоа. Секогаш велат “Леле, ти ..греота…” – не сум јас за греота, јас сум тука и живеам – не сум за жалење, него го нема”.

Во продолжение погледнете што таа мисли за новите“Македонски народни приказни”, начинот на работа и друго :

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.