Оваа година одбележуваме 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 6:45

Илинден или ден на Свети Илија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илинден или ден на Свети Илија е голем македонски национален и православен празник кој се одбележува на 2-ри август.

Илинден има посебно значење за македонската историја и македонскиот народ заради тоа што на 2-ри август започнало Илинденското востание во 1903-та година кога е формирана Крушевската Република – прва Македонска Република а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ на кое се поставени основите на денешната Република Македонија.

Денес илинденската традиција е испреплетена со патриотски – фолклорни и религиски симболи што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија додека Република Македонија и нејзините граѓани двата Илиндена ги одбележуваат како Ден на Републиката што е еден од најголемите државни празници. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...