Прва тужба од ваков тип во ЕУ

Објавил: Калина Мартинска | 21 април, 2024 16:05

Македонци од Благоевград со тужба против Бугарија пред Судот за правда во Луксембург

Фото/Текст извор: ©mkd.mk

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување.

Тужбата е иницирана и организирана од организацијата Нов АСНОМ, а поддршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светскиот македонски конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други Македонци од цел свет.

Во 2022 година, Македонскиот клуб поднесе претставка против Бугарија во Европската Комисија за непочитувањето на европското право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките, како Бугарија.

Оваа одлука за Македонскиот клуб за етничка толеранција беше неприфатлива, дека со оваа одлука ЕК го крши членот 317 од Договорот за функционирање на ЕУ кој кажува дека ЕК мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ.

Ова е прв правен процес внатре во Европската Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот за правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија.

Тужбата е поднесена од адвокатска канцеларија во Париз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...