Премиерот и претседател на СДСМ од меморијалниот центар Пелинце со "згрешен" говор

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 12:38

По Џафери и Заев со “згрешен” говор: “На 30-ти септември да избереме иднина а не небиднина”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со политичка но не и државничка пораката што денес ја испрати од Пелинце обраќајќи се повод одбележувањето на двата Илиндена.

Заев во својот говор истакна:

“Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации – правејќи држава признаена од сите – горда – исправена – еднаква со другите останати – држава на која граѓаните ќе бидат горди. Храброста на нашите борци на кои денес им се поклонуваме е мотивот кој не води секој ден – за држава исправена пред светот. Нема подобар начин да им се оддолжиме – освен со продолжување на храбрите чекори. Време е Македонија да направи историја – забрзано да продолжи на патот кон посветла иднина. Одговорот на таа шанса треба да го дадеме заеднички – никој место нас нема да донесе одлука.

Заев упати порака до граѓаните да излезат на референдумот на 30-ти септември и да кажат “да” за идните генерации и за иднината на Македонија при што рече дека Договорот со Грција е патриотски и дека со него се зачувуваат македонскиот идентитет – јазик и државјанство и повика на единство – наместо на поделби:

“Да ги запреме сите поделби – да се обединиме внатре и со европското семејство за да имаме утре. Пред неколку дена го потврдивме датумот за референдумот 30-ти септември. Тоа е денот на нашата нова историска одредница – денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина како дел од семејството на ЕУ и на најсилниот сојуз НАТО. Секој од нас поединечно ја има шансата да ја донесе оваа голема одлука. Сега е моментот. Државотворните народи препознаваат вакви историски моменти – во вакви моменти не се седи дома – не се молчи – туку шансата треба да се зграби храбро – одлучно – достоинствено.”

За Заев доста е заробена држава – криминал – корумпирано судство – купени медиуми и политичка мафија:

“Доста е небиднина – ќе избереме иднина – време е за иднина наместо небиднина. На 30-ти септември ќе ги одбиеме мракот – криминалот – неизвесноста и изолацијата. Ве повикувам сите да кажете со гордост “да” – да кажеме “да” за гарантирана стабилност и безбедност преку членство во НАТО – за признат и потврден идентитет – јазик и култура.”

Официјалното одбележување во Пелинце почна со интонирање на македонската химна и со положување цвеќе во Меморијалниот центар. Со премиерот Заев во Пелинце се и владини министри меѓу кои за внатрешни работи Оливер Спасовски и за надворешни Никола Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...