Дневните температури од денеска ќе бидат значително пониски, а утринските на повеќе места ќе се спуштат под или околу нулата.
Од понеделник ќе има променлива облачност, а во вторник врнежи од дожд кои особено на север ќе поминуваат во снег и на повисоките места.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во Крива Паланка и Маврово утринава се измерени -6 степени, во Берово, Лазарополе и Крушево -5, во Прилеп и Тетово -2 , во Куманово, Виница, Д. Капија, Охрид, Струмица и Битола -1, додека во Претор, Скопје и Штип нула степени. Најтопол град е Гевгелија каде утрвово се измерени 6 степени.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 часот се наврнати во Охрид и Дебар по 8 литри на метар квадратен, па 6 во Маврово, 4 во Виница, по 3 во Битола и Претор, 2 во Крива Паланка и 1 литар на метар квадратен во Крушево, Тетово, Прилеп, Д. Капија и Пожаране.
Температурата се спушти брзо и особено на североистокот. Облачноста се намали и ветерот исто така, но утринава уште има засилен ветер во Штип.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.