Иако министерот за здравство Филипче јавно вети дека ќе добијат плата - нема ништо од ветеното - се зависело од Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 8:32

Приватните специјализанти излажани – нема плата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нема плати а ниту планиран буџет за приватните специјализанти на кои им беше ветено дека од месец мај годинава ќе примаат личен доход.

Ниту бројните средби со претставниците на Министерството за здравство не вродија со плод. Нивните сметки се празни а револтот е огромен. Од ресорното министерството им било кажано дека проблемот е во Фондот за здравство а не кај нив по што стотината приватни специјализанти три пати со писмо се обратиле и до Фондот:

“Повикуваме динамиката на процесот на изработка на податоците и усвојувањето на финансиските средства да се забрза – бидејќи за нас ова е многу важно. Чекаме одговор во што пократок рок. Обработката на податоците трае повеќе од планираното и повеќе отколку што беше ветено. За нас е многу важно ова прашање да биде затворено особено кога ги имаме предвид нашите трошоци кои ги имаме. Само исплатата на вториот семестар за нас достигнува 1.600 евра.”

Но на последната средба во Министерството, на специјализантите им било кажано дека проблемот не е ниту во Фондот туку дека зависело од премиерот кој требало да реши дали ќе бидат обезбедни буџетски средства за нив. Тие сега преку писмена изјава бараат од премиерот ова прашање да биде затворено:

“Тогаш министерот ни рече: “Вие сте креативниот дел на нашето општество – вие мора да останете во оваа земја! Изгледа дека нашата битка е на самиот свој почеток а не на крајот. Ветениот буџет не постои а плати немаме! Цело време од нас се бара да имаме трпение а нашата доверба во институциите се повеќе опаѓа. Не сакаме да веруваме дека нашиот ентузијазам со кој и поверувавме на Министерството и нивните ветувања всушност биле залудни. Молиме за итно решавање на овој проблем. Денес кога миграцијата станува се поголем проблем – не ја предизвикувајте младината да презема чекори кон земјите од светот во кои ќе бидат навистина ценети и почитувани – таму каде што никој нема да се шегува со нивниот придонес и трпение.”

Специјализантите сакаат да знаат зошто во мај оваа година министерот Филипче им рекол дека нивниот буџет веќе е во процес на усвојување.

Македонија има значителен недостиг на стручем медицински кадар. На територијата на државата има потреба од речиси 400 доктори од кои само во Скопје недостигаат 150 лекари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести