„Груевизмот е длабоко всаден во институциите“, истакна Рамковски, порачувајќи дека е исплашен, бидејќи Груевизмот и по три години е уште силен.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2019 21:50

РАМКОВСКИ: „Груевизмот е длабоко всаден во институциите, СИТЕ НЕ ПЛАШИ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неможноста да се видат ѕвездите и светлоста на денот го менуваат човекот засекогаш“, вака сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковаки го почна неговото сведоштво на трибина организирана од „Цивил“ наречена „Жртви на режимот“.

Рамковски зборуваше за затегнатите односи со поранешниот премиер, Никола Груевски и велеше дека првите денови во Шутка не можел да дише.

Бев 27 месеци во Шутка. Секој ден имав претрес скоро саат и пол траеше претресот. Психолошка војна“, изјави поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски.

Велија Рамковски беше осуден во случајот „Пајажина“, за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението, затаен бил данок од околу 5 милиони евра.

„Груевизмот е длабоко всаден во институциите“, истакна Рамковски, порачувајќи дека е исплашен, бидејќи Груевизмот и по три години е уште силен.

„28 месеци не можев да ја видам Емел, мојата ќерка која беше во другата зграда од затворот. Намерно не ми дозволуваа да може да се видиме, бар преку прозорец. Се радував на судењата зашто само таму можев да ја видам сопругата и ќерката. Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Рамковски.

„Кај секој човек тоа чувство на правда и неправда постои… Покажете дека имате чувство за правда, во дадените можности, ама овде, за нас, е нула. Повелете, народот да види. Нема некој што не ја бара А1. Не ме затворија само мене, фамилијата и најблиските соработници, им ја затворија на народот и А1… Еве ви господо, одите на избори… направете и нешто за правдата…“, порача Рамковски.

На трибината „Жртви на режимот“ во организација на НВО Цивил беше и новинарот Томислав Кежаровски, потсетувајќи се за условите во затворот и сето тоа низ што тој и неговото семејство морале да поминат.

За време на влеадеењето на Никола Груевски, Рамковски беше осуден на 13 години затвор, а одлежа седум во затворот „Идризово“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...