Пејачот во една емисија, зборуваше за добрите моменти но откри дека во неговата кариера не ило се така подмачкано. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 декември, 2019 14:37

Здравко Чолиќ открива: Ме удрија со пиштол по глава и ми бараа пари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот пејач и шармер Здравко Члич оваа година ќе ја памети по многуте концерти кои ги одржа. Тој за два месеци покажа колку се уште има енергија и одржа дури шест концерти.

Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда. Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975.

Пејачот во една емисија, зборуваше за добрите моменти но откри дека во неговата кариера не ило се така подмачкано. 

Имено Чолиќ откри една малку непријатна ситуација која ќе ја памети. Тој во јавноста откри дека со негов соработник биле нападнати од непознати лица.

-Се сеќавам на еден концерт, за побрзо да завршиме и заминеме, бидејќи следниот ден требаше да патуваме за Стокхолм, излетавме јас и пријателот, а по нас три мажи со пиштоли и мотики. Ни бараа пари бидејќи некој им кажал дека сите кои ќе излезат на тој излез се менаџери и имаат многу пари. Мислеа дека ние сме менаџерите. Тоа беше одамна. Еден ме удри со пиштол по глава и ми го расквави челото. Јас ја симнав капата и му реков: „Па, јас сум Здравко Чолиќ, тој што пееше сега.“ Тогаш едниот од нив рече „Види, навистина Здравко“, па побегнаа, раскажал пејачот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.