Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 21:37

Здравко Чолиќ стигна во Македонија и гостин во „Само Вистина„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вечерашната емисија на „Само вистина„ на Канал 5, гостин беше српскиот пејач Здравко Чолиќ.

Српскиот пејач Здравко Чолиќ во вечерашната емисија на „Само Вистина„ на Канал 5, рече дека многу му е драго што се наоѓа во Македонија, бидејќи е прекрасна земја со прекрасни луѓе.

Чолиќ зборуваше за почетоците на својата кариера и живот. Тој раскажа и во кој момент од животот одлучил да се занимава со музика. Легендарниот музичар рече дека многу ми е мило за договорот кој го направија Македонија и Грција, бидејќи тоа е само географски компромис.

Почнав со вокално-инструментални настапи со групата „Амбасадори“, на крај Кемал Монтено ми понуди песна која првично била наменета за Јосипа Лисац но ја одбила и за брзо се видов во насловните страници на повеќе списанија, пишуваа „Новото име – Здравко Чолиќ“, тоа беше моментот кога сфатив дека ќе се занимавам со музиката но не како гитарист туку како пејач, раскажува Чолиќ.

– Во времето на Тито се беше во знакот на авторитарноста и тоа беше резултат на општествено-политичкото уредување кое владееше, некој го сакаше него, некој не, јас го обожував и на многу фестивали сум пеел песни посветени за него, вели Чолиќ.

Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975.

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ. Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки.

Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови.

Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада… Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...