Македонија претрпе пораз во второто коло од групата Б на ЕП во Виена, откако нашите ракометари капитулираа во пресметката со Чешка (27-25).
Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство (ЕП) и во рамки на втората рунда загуби од Чешка (27-25). По натпреварот, Филип Талески истакна дека бековите немале решение за одбраната на Чешка која доста добро ги затворила шутерите.
„По натпреварот со Украина апелиравме дека не смее да паѓаме во иднина. Тоа ни се случи сега. Во вториот дел доста промашувавме. Немавме решение како да ја разбиеме одбраната на Чешка.
Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние од левата страна не можев да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме“, изјави Талески.
Чесите го добија натпреварот во второто полувреме, кога нивниот напад експлодира и постигна 19 гола, наспроти македонските 14 во тој период. Уште на стартот од вториот полчас противникот влезе со серија од 5-0, дозволувајќи ѝ на Македонија само еден гол во првите 7-8 минути. Резултатот дојде до 15-12, што беше прво водство од +3 за која било репрезентација на натпреварот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.