Борисов истакна дека се потребни реформи во Западен Балкан кои ќе помогнат за стабилноста и развојот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јануари, 2020 11:05

Борисов: Бугарија ги поддржува напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос истакна дека Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов присуствува на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос

Борисов истакна дека се потребни реформи во Западен Балкан кои ќе помогнат за стабилноста и развојот.

-Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ. Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер. „Бугарија, заедно со Република Северна Македонија од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес“. Двете земји го презедоа овој одговорен ангажман како природно продолжение на постигнувањата за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и вадењето на процесот на европската интеграција на Западен Балкан во преден план на политичката агенда на Унијата.Приоритетите на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес се порзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието, рече Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.