Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов во салата на Центарот за култура во Битола, промовираше три книги од кои едната за „Тодор Александров“.
Красимир Каракачанов денеска во Битола рече дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, затоа што во историјата е јасно напишано, дека Гоце Делчев е Бугарин.
Запрашан за македонско-бугарската комисија која се уште нема договор за Гоце Делчев, тој рече дека споровите побрзо ќе се решат ако се чита историјата.
– За мене спорот е политички, тој не е научен спор. Историјата е јасна по тој однос, кој чита – разбира. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Но, да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, зашто сакал бугарски пасош, таква глупост нема. На никој во тоа време не му требало пасош во Бугарија да дојде да учи на Универзитет или училиште.
Гоце Делчев дошол од Кукуш и учел во бугарското воено училиште. Нема потреба од спор, има потреба од читање и културен дијалог, а не политички расправии. Политичарите можат да се караат уште 200 години, од тоа никој не добива, напротив, губат граѓаните на Македонија. Според е глупав затоа што, земете ја Австрија и Германија, има ли спор меѓу Виена и Берлин на каков јазик зборуваат? Нема. А тоа и пречи ли на Австрија, кога зборуваат германски, да бидат суверена држава? Не и пречи, истакна Красимир Каракачанов.
На скандалозната изјава реагираа од Сојузот на Борци од Битола, кои велат дека не смее да се дозволи Каракачанов да зборува против македонските национални интереси.
Бараме да не му се овозможи да зборува тези кои не се национален интерес на нашиот народ. Секаде каде што оди проповеда дека сме бугарски Македонци, што не е вистина. Како Сокуз на борци креваме глас и сме против тоа.
Да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на македонските национални интереси, рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.