Џафери е дециден дека иако од собрансиката говорница најави двојно гласање за законот кое потоа не се случи, процедурата е законска.
Грешка во говорењето, а не во процедурата, вака Талат Џафери ја објаснува забуната при донесувањето на Законот за Советот на јавни обвинители. Тој вели дека во три години и тој има право да згреши. Законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот.
„Факт е дека како дел од моето мислење воден дека два закони претходно беа изгласани со Бадентер, јас укажав пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот ринцип. Но кога го гледав официјалното сценарио сватив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици.
Законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам. – изјави Џафери.
Откако вчера Собранието се самораспушти, а Џафери ги распиша изборите ги повика и институциите да обезбедат услови за демократски избори. Роковите според ДИК почнуваат да течат.
Експертите сметаат дека Собранието за три години колку што беше под водство на Талат Џафери, направи десетици прекршувања на процедурата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.